Дефект на компјутерскиот систем ја парализира холандската железница

Железница Холандија / Фото EPA-EFE/JEROEN JUMELET

Дефект на компјутерскиот систем го попречи патувањето со воз до и од Амстердам и во други делови на Холандија, соопшти холандската железничка компанија НС.

Проблемот ја погоди контролата на сообраќајот околу 18 часот по локално време во недела и оттогаш го осакатува железничкиот сообраќај, јави „Ројтерс“.

Железничката компанија утрово соопшти дека проблемите ќе влијаат и на меѓународните возови за Амстердам, бидејќи прекинот сè уште не е решен.

„Прекинот има големо влијание, исто така и на другите делови од земјата“, објави НС на својата веб-страница.

Компанијата не предвиде колку време ќе биде потребно за да се решат проблемите, но рече дека нема да сообраќаат возови барем до попладневните часови.

Прекинот остави околу 100 патници блокирани во централната станица во Утрехт во неделата навечер, јави холандската новинска агенција АНП.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот