„Дедото“ Буфон на цена, пет екипи му нудат договор за следната сезона

фото: EPA-EFE/LUCA ZENNARO

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон кој во јануари наполни 43 години, сè уште не размислува за крај на кариерата.

На Буфон не му се допаѓа тоа што во Јувентус е резерва на Шчешни и најави заминување од „старата дама“, а според известувањата на италијанските медиуми дури пет екипи му понудиле да биде прв голман во следната сезона.

Според весникот „Тутоспорт“, Буфон на маса има пет понуди и тоа од пет различни држави. Наводно станува збор за грчкиот шампион Олимпијакос, германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт, лидерот во португалскиот шампионат Спортинг Лисабон, турскиот Галатасарај како и украинскиот Динамо Киев.
Исто така се шпекулира и со италијанските екипи Аталанта, Џенова и Парма, но Буфон наводно сака да игра во странство.
За очекување е последниот натпревар за Јувентус да го одигра на 19 мај во финалето на италијанскиот Куп каде Јувентус ќе игра против Аталанта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот