Деценија од доминацијата на Ѓоковиќ – никогаш видена во тенисот!

epa09263217 Novak Djokovic of Serbia in action against Rafael Nadal of Spain during their semi final match at the French Open tennis tournament at Roland Garros in Paris, France, 11 June 2021. EPA-EFE/IAN LANGSDON

Новак Ѓоковиќ го освои 19 грен слем трофеј во кариерата на „Ролан Гарос“ и им се приближи на Рафаел Надал и Рожер Федерер, за кои многумина сметаа дека се „недопирливи“.

Швајцарецот и Шпанецот имаат само по една грен слем титула повеќе, а Србинот ќе има можност да ги стигне на „Вимблдон“. Тоа што е интересно е дека на патот на Ѓоковиќ да го загрози нивниот статус „најголемиот во историјата“, тој собори толку рекорди што дури и пред 20-от грен слем може да биде „најголемиот на сите времиња“.

Знаеме дека Ѓоковиќ беше прв на АТП-листата најдолго во историјата, дека има подобар меѓусебен скор од Федерер и Надал, но тоа не е сè…

Српскиот ас освои 18 грен слем титули за само 10 години и пет месеци, и тоа е најголемиот број на освоени „премиум“ турнири за толку краток период, го надмина и Федерер, кој е далеку пред Шпанецот и Србинот, и во драстично послаба конкуренција, ги освојуваше своите први „слемови“.

Ова е нереален податок кој покажува дека претходната деценија целосно помина во доминација на сегашниот прв светски рекет.

Тоа беше период во кој Србинот апсолутно блескаше на терените, следен од Надал, додека Федерер беше на многу начини зад нив и само на моменти доаѓаше до посакуваните резултати, се прослави во првата деценија на 21 век.

Интересно е и да се напомене дека Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на АТП-турнејата откако се појави на неа, и тој всушност доминира во секој сегмент, освен на грен слем турнирите – каде е израмнет со Рафа. Но, неговиот најголем ривал не учествува на „Вимблдон“ и тоа може да се промени за три недели.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот