Децата во БиХ цртаат Word по информатика: Ова е да седнеш и да ПЛАЧЕШ (ФОТО)

Фото: Фејсбук

Николета Милашевиќ-Добрача на Фејсбук споделила фотографија која прикажува каква задача добила нејзиното дете по предметот информатика и колку се тоа ја разочарало.

„Седмо одделение во јавно основно училиште. Предмет: Информатика. Задача: НАЦРТАЈ ВОРД. Еј луѓе, ЦРТАМЕ ВОРД. Па ова е само да седнеш и да плачеш. А децата чии родители имаат пари да речеме за француско основно и средно училиште изучуваат предмет роботика. Моето дете црта Ворд. Какво само ус*ано елитно друштво сме станале. Што правите вие таму што ги правите планот и програмата? А и вие во Советот на родители?“, пишува жената на Фејсбук.

На се тоа не помага ни фактот што во наставниот план и програма за седмо одделение, книгата за физика не е во производство веќе пет години, вели за Кликс, Милашевиќ-Добрача.

Моли, барај, а потоа копирај. Советот на родители е неподвижен. Сите се однесуваат како нашите политичари, заседнати во фотелјите, запознаени се со директорите на училиштата и носителите на одлуки, како веќе да не ги интересира наставната програма“, рекла таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот