Децата со попреченост од Влае, отсега ќе има каде да играат

Фото: Илустрација

Инклузивното детско игралиште во Влае 2, до платото „Делфина” денеска беше и официјално пуштено во употреба. Станува збор за нова зона за рекреација на најмладите, а сите реквизити се прилагодени и за децата со попреченост.

За игралиштето потрошени се 50 илјади евра, обезбедени преку Министерството за локална самоуправа, Швајцарскатата агенција за соработка и развој и Општина Карпош, а имплементатор е Центарот за развој на Скопскиот плански регион.

На отворањето на игралиштето денеска присуствуваа министерот за локална самоуправа Горан Милевски, градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, градоначалникот на Гази Баба и претседател на Скопскиот планаски регион Борис Георгиевски и раководителот на Центарот за Скопскиот плански регион Љупчо Кец Мицковски.

Министерот Милевски информира дека со помош на швајцарската Влада обезбедиле и дополнителни 1,2 милиони швајцарски франци за нови проекти во сите осум плански региони.

– Секој плански регион реализира по еден проект, кој е утврден како приоритетен од самите граѓани, за што се обезбедени 850 илјади швајцарски франци, а секој плански регион доби грант чии износ е условен од степенот на развиеност. За најмалку развиениот, Североисточниот плански регион се обезбедени 145 илјади франци, а за најразвиениот, Скопскиот, 60 илјади швајцарски франци. Со средства се финансираат и иновативни проекти, кои беа избрани со активно учество на претставниците од цивилниот, образовниот и бизнис секторот, нагласи Милевски.

Тој додаде дека за овие проекти за 2019 година се распределени 311.841 швајцарски франци, а секој од осумте плански региони доби грант во висина од 39 илјади франци за реализација на одбраниот проект.

Градоначалникот Богоев информира дека инклузивното игралиште се протега на површина од 450 квадратни метри, а во околината е поставена и соодветна урбана опрема, клупи за седење и корпи за отпадоци, како и заштитна ограда. Дополнително, околу игралиштето е засадено и ново зеленило.

Георгиевски нагласи дека ова е прво игралиште, проект на Скопскиот палнски регион и додаде дека средствата се користат во правилна насока, овој проект го потврдува тоа. Ќе водат смета за сите општини во Скопскиот плански регион и за рамномерен регионален развој.

Ова игралиште, како што беше истакнато, ќе биде обезбедувано од посебно овластено лице, кое се грижи за овој дел од населбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот