Децата остануваат без бесплатниот оброк: Новите прописи во САД ќе загрозат речиси милион ученици

Фото: Профимедиа

Нови прописи на администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе остават речиси милион деца без загарантираниот бесплатен оброк.

Според проценката на Министерството за земјоделство во САД, 982,999 деца повеќе нема автоматски да се квалификуваат за бесплатен ручек во училиштата, поради промените кои ги носи дополнителната програма за помош во храна.

Дополнителната програма за помош со храна е проект преку кој граѓаните на САД со ниски примања добиваат помош во набавка на намирници.

Околу 55 отсто од вкупниот број на деца во иднина ќе мораат да го плаќаат јадењето на училиште, додека 45 отсто и натаму ќе имаат бесплатен оброк, но нивните родители ќе мораат да поминуваат преку постапка на пријавување, за да добијат нешто што од порано се подразбирало.

Администрацијата на Трамп тврди дека промените во прописите ќе ги „пополнат“ дупките во законот, кој им овозможува бесплатен оброк на децата чии родители не живеат во вистинска сиромаштија.

За сиромашни во Америка се сметаат четиричлени семејства чии приходи не надминуваат 25.000 американски долари.

Од Министерството за земјоделство соопштуваат дека некои семејства се пријавувале за таа програма и покрај тоа што тие заработувале околу 50.000 долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот