7 C
Скопје

„Децата останаа сираци, без мајка, баба и дедо“: Погребани жртвите и убиецот од трагичниот настан во селото Расно

Бисера Шемовиќ (30) и нејзините родители Фехим (64) и Шефка (60), кои во саботата наутро беа убиени во селото Расно во Србија, од Енедин Турковиќ (44) денеска беа погребани на селските гробишта во присуство на голем број роднини, пријатели и соседи.

Жителите на Расно велат дека таква трагедија не паметат и дека и понатаму не им се верува се што се случило тоа утро.

„Во секунда децата остануваат без мајка, баба и дедо, сирачиња. Останав јас без брат и снаа. Зошто? Никој не знае“, вели Рамиз, брат на Фехим.

После половина час, на петнаесет километри одалеченост, на гробиштата во село Доличе бил погребан и Енедин, кој после убиствата во домот на бившата сопруга, при што тешко ги рани и нејзиниот брат Беким (35) и двајца соседи, изврши самоубиство.Зачудени се и понатаму и неговите познаници, кои за него велат дека бил пожртвуван и вреден работник од угледна фамилија.

Прочитајте и...  Заев не сака да ги коментира пишувањата за Фрчкоски додека не завршат постапките за амбасадори

Мотивите и понатаму не се познати и никој за сигурно не знае зошто Енедин, со пиштол тргнал од Доличе во Расно каде фамилијата Шемовиќ го славела раѓањето на бебето на Беким и се подготвувале да ја испратат Бисера за Германија.

Кога стигнал во домот на бившата сопруга, Енедин испукал 11 куршуми, прво во Беким, при што тешко го ранил, а потоа ги убил Фехим, Бисера, па Шефка, додека уште двајца соседи, мајка и син, биле ранети.

Додека сето тоа траело, децата на Енедин и Бисера биле во соседната соба, играјќи си со тукушто роденото бебе и вујна. Потоа децата ги одвеле во друго село, за да ги затитат и тргнат од сето тоа што се случило. Енедин после злосторството побегнал во родното Доличе каде неколку часа се криел од полицијата, а кога бил откриен тој извршил самоубиство.

Прочитајте и...  173 санкционирани возачи во Скопје,28 за брзо возење, 20 за користење мобилен

Извор: Новости.рс

Поврзани вести

Која е нишката што ја поврзува Македонија со кланот „Америка“

Слободен печат

Милета Миљаниќ, ака Мајк падна во Њујорк: Агентите на ФБИ му ставија лисици на рацете на водачот на кланот „Америка“

Слободен печат

Хелен Мирен ќе ја напише светската порака по повод Светскиот ден на театарот

Слободен печат

Вашингтон со критика до Пекинг заради наметнување на изборниот закон во Хонгконг

Слободен печат

ВИДЕО I Еден мигрант загина, а неколку се повредени во експлозија во минско поле во близина на Плитвице

Слободен печат

Захарова: Русија конструктивно ќе одговори на позитивните сигнали од САД

Слободен печат

Остави Коментар