Децата од Лисиче и натаму ќе учат во руинираното училиште

Министерството за образование донесе Одлука за поништување на постапката со која требаше да се доврши започнатата градба на ОУ Димитар Македонски во скопската населба Лисиче.

Ваквата одлука наиде на револт кај родителите кои секојдневно ги праќаат своите деца во стариот и руиниран објект на училиштето кое е изградено уште во далечната 64-та година. Тие побарале одговор од ресорното министерство за да дознаат која е причината поради ваквата долука, при што го добиле следниов одговор:

– Постапката за избор на компанија за ДОВРШУВАЊЕ НА ГРАДЕЖНИТЕ АКТИВНОСТИ ЗА ИЗГРАДБА на објектот на ОУ Димитар Македонски е поништена поради тоа што пристигнатите понуди ја надминаа проценетата вредност на инвестицијата. Информацијата е проследена до Влада од каде очекуваме согласност за повторно објавување на постапка за јавна набавка за избор на компанија која ќе ги доврши градежните активности – стои во дописот од МО.

За потсетување, обид за изградба на нова училишна зграда имаше уште во градоначалничкиот мандат на Ивица Коневски, кога пред последните локални избори во 2017 година, беше најавен почеток  на изградбата. Но соработката со тогашниот изведувач беше прекината, во февруари 2019 година поради, како што велат од општината, непочитување на договорот, по што се распиша нов тендер. Крајниот рок за доставување на понудите беше 11 септември. Рокот на важност на понудите е 90 дена, а договорот ќе има времетраење од 16 месеци. Критериум за договор е најниската цена.

Во разговор со еден од родителите добивме информација дека веќе следната недела се очекува да се состане Советот на родители, при што ќе се разговара токму на оваа тема. Тие се многу разочарани од ваквата одлука, иако се уште не е одлучено, се разгледува опцијата за бојкот на наставата со цел да се изврши притисок врз надлежните институции.

Инаку, „Слободен печат“ пред повеќе од еден месец објави сторија токму за ова училиште и во какви субстандардни услови се одвива наставата.

Руинирани училници, секојдневие за учениците од ОУ „Димитар Македонски“ од Лисиче (ГАЛЕРИЈА)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот