Децата ни забранија да имаме секс во карантин

Втората сопруга на поранешниот капитен на Манчестер јунајтед, Рио Фердинанд, Кејт Рајт зборуваше за времето поминато во карантин.

Првата сопруга на Фердинанд, Ребека Елисон во 2015 година почина од канцер, а иако мислеше дека никогаш повеќе нема да биде среќен во животот, фудбалерот сепак пронајде сродна душа. Фердинанд кој од бракот со Ребека има три деца, во септември минатата година се ожени со актерската и фото-моделот Кејт Рајт.

кејт рајт фергусон/ фото: Инстаграм

Карантинот поради пандемијата на коронавирусот тие го поминаа заедно, а Рајт признава дека тој период и бил доста незгоден поради разговорите со децата за сексот.

– Како поминуваа деновите, прашањата и разговорите стануваа се „поопасни“ и понезгодини. А, бидејќи сум несигурна во улогата на маќеа бидејќи сакам се да биде совршено, навистина не ми беше лесно. Постојано прашуваа кога Рио и јас ќе водиме љубов бидејќи според нив тоа досега не се случило. По долги разговори тие одлучија дека во изолација нема секс, а потоа предвидоа дека карантинот ќе трае до октомври, ни наредија: Ништо од сексот до октомври – вели Кејт.

Синовите Лоренс (13) и Тејт (11) и ќерката на Рио, Тиа Фердинанд (9), биле задоволни од разговорите со Кејт и со нивиот татко и тие дури им направиле план за секс за да ги добијат нивиот брат или сестра кога тие сакаат .

– Не можев да верувам за што зборував со децата. Со Рио сакаме да го зголемиме семејството но немаме некој план кога треба да се случи тоа. Овие деца ги сакам повеќе од својот живот и се обидувам да им бидам и учителка, мајка, готвачка – вели Кејт Рајт Фергусон.

кејт рајт фергусон/ фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот