Децата на Онкологија, „Иднина“ и „Д-р Златен Сремец“ добија пакетчиња од Талат Џафери

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, и оваа година продолжи со веќе воспоставената традиција на подарување новогодишни пакетчиња во форма на непрехранбени, односно со едукативен материјал и прехранбени пакетчиња за учениците во Посебното основно училиште „Иднина“, во Посебното основно училиште „Д-р Златан Сремац“ и на болните деца на Универзитетската клиника за детски болести, Оддел Онкологија.

Дружењето со децата од „Иднина“ и „Д-р Златан Сремац“, кои се прекрасни во својата посебност, неизбежно измамува насмевка на сечие лице, додека да се биде помеѓу децата чиишто кревки тела се справуваат со тешки предизвици, потсетува колку се во суштина големи и храбри нивните срца, а подадената рака, топлата прегратка и влевањето надеж треба да биде начин на живот за сите нас.

-Драги деца, ви посакувам добро здравје, многу среќни насмевки и остварување на вашите желби и сништа, Среќна Нова година!- им ја честита Новата Година, Џафери на сите дечиња.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот