Децата ќе бидат згрижени: Градинките оваа сабота ќе работат

Фото: МИА / илустрација

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 14 декември ќе биде работен и за градинките на територијата на државата.

МТСП ги извести управите на градинките дека по донесената одлука од Владата на Република Северна Македонија на својата 167 седница дека 14 декември 2019 година, сабота, ќе биде работен ден за вработените во државните институции потребно е спроведување на истата и од страна на јавните општински установи детски градинки.

Согласно со одлуката, 14 декември 2019 година ќе се одработува за 2 јануари 2019 година, којшто беше прогласен за неработен ден за вработените во државните институции.

Истовремено, МТСП ги извести градинките дека децата кои имаат потреба од згрижување на ден 14 декември (сабота) 2019 година, дека треба да бидат прифатени во детската градинка и согласно тоа, ги задолжи да направат организацијата за прием и згрижување на децата. Организацијата за прием е во надлежност на управите на детските градинки.

МТСП ги информираше градинките да ги известат родителите дека згрижувањето на децата ќе се организира во еден од објектите на установата. Препорачано е родителите благовремено да бидат известени во кој објект ќе се врши згрижувањето на децата.

Инаку, според одлуката на Владата во сабота на 14 декември од страна на јавниот сектор ќе се спроведе акција за чистење на животната средина „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре“ со цел подигање на свеста за почиста околина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот