Деца во Шведска играа ракомет и одеднаш „БУУМ“! (ВИДЕО) – Слободен печат
РакометСпорт

Деца во Шведска играа ракомет и одеднаш „БУУМ“! (ВИДЕО)

Малку недостасуваше да дојде до вистинска катастрофа на еден ракометен натпревар во Шведска.

Се играше натпреварот меѓу У14 клубовите на Боден и Скара, кога еден пијан возач успеа со својот автомобил да го пробие ѕидот во „Викинг“ салата во Марста.

Гледајќи од аголот на камерата која го снимаше овој меч првично како да се слушна експлозија, тимовите веднаш во паника го напуштија теренот, а се огласи и спикерот кој ги замоли сите присутни да ја напуштат салата.

– Потресен сум. Ѕидот падна, спикерот навистина брзо реагираше и сите ја напуштија салата. Никој од нас не смееше да му се приближи на автомобилот, бидејќи не знаевме за што станува збор – рече Магнус Ларсон, директорот на лигата.

После ваквиот немил настан, мечот беше одложен. Полицијата објави дека возачот е уапсен во саботата навечер под сомнение дека возел во алкохолизирана состојба, а тоа значи и загрозување на безбедноста во сообраќајот.

– Вистинско чудо е што никој не беше повреден. 10 секунди пред инцидентот играта траеше токму на местото каде што автомобилот влета во салата. За среќа никој не стоеше таму каде што влета и му се заблагодаруваме на Бога што никој не е повреден. Играчите беа вознемирени. Седевме во салата за конференции – се зборовите на Јохан Нистром, тренерот на Боден.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close