Деца со години биле злоставувани: Полицијата откри „мачилиште“ во Германија
Досега се уапсени 11 луѓе.
Полицијата во Германија разби голема педофилска мрежа на сексуална злоупотреба на деца што се случувала во куќа на северот на Германија. Официјални лица изјавија дека поголем број на мажи ги носеле своите роднини во имотот близу градот Минстер, каде биле со часови злоставувани и снимани со камера.
Полицијата пронашла најмалку три жртви – на 5, 10 и 12 години, како и снимки долги стотици часови. Досега се уапсени 11 лица, меѓу кои и специјалист за ИТ, Адријан В. (27) и неговата мајка Карина В. (45).
Според полицијата, Адријан, кој е поранешен осуденик за детска порнографија, водел мрежа на педофилска злоупотреба во куќата, која е во сопственост на неговата мајка.
Неговата мајка Карина, наставничка во градинка, му дозволила на нејзиниот син да го користи имотот, знаејќи дека таму ќе се злоставуваат деца. Имотот бил опремен со безбедносни камери надвор и внатре, за злоставувањето да биде евидентирано. Полицијата се сомнева дека Адријан ги злоупотребувал децата на имотот, а потоа ги објавувал снимките на Дарквеб (црниот пазар на Интернет), каде основал мрежа на сексуални насилници што се протега на пет држави, а некои се упатувале во имотот за самите да ги злоупотребуваат жртвите.
‘House of torture’ where paedo gang abused boys had 600TB of sick vids that could take cops 30 years to go through https://t.co/p69x20xwdX
— The Sun (@TheSun) June 9, 2020
Меѓу жртвите бил и син (5) на еден од осомничените и внук (12) на друг осомничен. Полицијата утврди дека имало 15 инциденти на злоупотреба од ноември 2018 до мај 2020 година, но тие се плашат дека ова е само „врвот на ледениот брег“.
Еден напад се случил за време на роденденот на Адријан помеѓу 25 и 26 април, кога, според полицијата, четворица мажи се собрале на имотот и злоставувале две момчиња (на возраст од 5 и 10 години), а самиот чин траел со часови.