ДЕЦА под 18 години ГИ ПОЛНАТ затворите во САД

Фото: Профимедиа

Повеќе од седум милиони луѓе под 18 години се наоѓаат во затвори и полициски притвор низ целиот свет, покажа студија на ОН.

Соединетите Американски Држави имаат најголема стапка на деца во затвори во светот, вклучувајќи ги и повеќе од 100.000 во имиграциски притвор, што претставува кршење на меѓународното право, стои во студијата.

– Во светот има повеќе од седум милиони луѓе под 18 години кои се во затвор и полициски притвор, вклучувајќи и 330.000 во имиграциски притвор, изјави независниот експерт Манфред Новак.

Според Глобалното истражување на ОН за деца лишени од слобода, децата треба да бидат задржани во притвор „само во крајна нужда и на најкус можен рок”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот