ДЕЧКОТО Ѝ ДАЛ 12 БОЛНИ ПРАВИЛА: Ако се најдете во слична ситуација, БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!

врска

Зои Шолфилд на Твитер објавила како нејзиното поранешно момче ѝ давало упатства за однесување, во случај да сака да излезе со другарки.

Таа објаснила дека и покрај ваквите опсесивни правила, тој бил тој кој прв изневерил во врската и погазил по сите принципи кои ги поставувал дотогаш.

Нејзината објава била споделена над 3000 пати, а лајкната повеќе од 35.000 пати.

А, ова се правилата кои тој ѝ ги задал:

1. Не танцувај како стриптизета
2. Не пиј премногу
3. Ако ти пријде некој, кажи дека имаш дечко
4. Пази некој да не ти стави нешто во пијалакот
5. Биди само со двете пријателки цело време
6. Само вие три може да бидете во собата, а тој (пријател) не може да преспие
7. Не може да одиш во ничија соба
8. Раскажувај ми за се што се случува и објасни ми ако те прашам
9. Испрати ми фотографии за да те видам како си облечена
10. Можеш да ми праќаш пораки и кога спијам, за да ги видам наутро
11. Ако ми се јавиш, прави го тоа преку видео-повик
12. Сними ми видео од собата пред да си легнеш, за да видам дека никој друг не е таму

Имало и многу реакции на овие правила, но околу едно сите се согласиле – опсесивната контрола не е љубов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот