ВИДЕО | „Децата врескаа“: Драматични снимки од потопот на Нов Зеланд

Фото: Euronews/принтскрин

Трет ден по ред, продолжија разорните поплави на Нов Зеланд, кои според властите, досега однеле четири животи.

Обилните дождови што ја зафатија земјата предизвикаа порои, лизгање на земјиштето и уништени патишта. Снимките ја покажуваат разорната моќ на поплавите, најтешки во земјата во последните децении.

Оукленд, најголемиот град во земјата со 1,6 милиони жители, и натаму е под вонредна состојба, откако во петокот го погодија невидени врнежи, предизвикувајќи поплави кои покрај милионската штета, оставија и илјадници луѓе без струја и вода.

„Мислев дека е торнадо. Само голем, голем удар. Погледнав низ прозорецот и не можев да видам ништо. Се враќав во кревет кога слушнав како децата врескаат. Се облековме и излеговме да погледнеме. беше тешко да се сфати што е тоа“, изјави жителот на Туранга, Дејв Хардинг.

На социјалните мрежи се појави и снимка од супермаркет во Оукленд, на која се гледа како купувачите се пробиваат во вода до половината низ целосно поплавениот маркет, додека струјата и натаму е вклучена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот