Деца пак се боделе со ножеви во Скопје, овој пат во Бутел

Малолетник ранет со нож вчеравечер бил примен во градската болница „Св. Наум Охридски“, откако бил нападнат со нож од страна на друг тинејџер, соопшти полицијата.

„На 27.09.2022 во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски” со повреди бил донесен малолетник од Скопје. Според пријавеното, околу 18.45 часот на ул.„Рокомија” во Скопје, по претходна расправија, тој бил нападнат со остар предмет од друг малолетник“, се вели во соопштението.

Од МВР велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот