Дебранец на нива пронашол експлозивна направа

Фото: Архива на СП

Дебранец кој извршувал градежни работи на земјоделска површна во негова сопственост  во селото Тараник, пронашол експлозивна направа, минофрлачка граната од Втората светска војна.

– Лицето С.М.(33) од Дебар, завчера пријави дека при изведување градежни работи во нива, во селото Тараник, пронашол експлозивна направа – минофрлачка граната од Втора светска војна. Од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување преземени се безбедносни мерки за подигнување на гранатата, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој информира дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство”, до надлежното Јавно обвинителство поднесло кривична пријава против Р.А.(39) од Дебар.

Додаде дека лицето Р.А. на осми овој месец во угостителски објект лоциран на улицата „8 Септември” во Дебар почнал со вознемирување, вербална расправија и закани кон присутните гости, а потоа почнал да крши чаши и да фрла со други предмети кон вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот