Деблокирање на Комисијата за избори и именување бараат граѓанските организации

Десет мрежи на граѓански организации денеска побараа итно да се деблокира работата на собраниската Комисија за избори и именувања, поради што не може да се избераат органи и тела во повеќе државни институции.

Тие испратија писмо до пратениците во кое бараат Собранието итно и неодложно, а најдоцна до распуштањето на актуелниот собрански состав да ги заврши постапките за избор и именување на членови на Комисија за заштита од дискриминација, директори на Дирекцијата за заштита на лични податоци, на Агенцијата за слободен пристап до информации од јавен каратктер, на Државниот завод за ревизија. Бараат да се избере и Програмски совет на МРТ, членови на советот на АВМУ, тројца членови на Судскиот совет, претставниците на здруженијата на граѓани во надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата и народниот правобранител, како и членови во Комисијата за доделување на државната награда „Мето Јовановски”.

Граѓанските организации укажуваат дека блокадата на Комсиијата за избори и именувања може да предизвика огромни последици во функционирањето на институциите.

Како примери ги посочија неназначувањето тројца членови на Судкиот совет, со што постои можност да застарат постапките за разрешување на некои судии, како и проблемот со Државниот завод за ревизија, кој е се уште без раководство и му се заканува целосна блокада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот