фото: EPA-EFE/CRAIG LASSIG

Дебито кое го чека кошаркарскиот свет: Еве кога Дончиќ ќе го игра првиот меч за Лејкерс

Лука Дончиќ во голема размена стана кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс. Во оваа размена која ги изненади сите и која најголемите НБА ѕвезди не престануваат да ја коментираат со денови, Дончиќ пристигна во клубот каде што најголема ѕвезда е Леброн Џејмс.

Три клуба беа вклучени во размената – заедно со Далас и Лејкерс, Јута Џез. Исходот е познат: Лука Дончиќ, Макси Клебер и Маркиф Морис ја продолжуваат својата кариера во ЛА Лејкерс, Ентони Дејвис, Макс Кристи и првиот пик на драфтот во 2029 година оди во Далас, а Јута го добива Џејлен Худ-Шифин од Лејкерс и два избора од втор круг од годинешниот драфт.

Она што сега се чека е дебито на Лука Дончиќ за вториот најуспешен НБА клуб во историјата.

Лејкерси имаат освоено 17 шампионски титули, еден трофеј помалку од Бостон Селтикс, а со Дончиќ се надеваат дека ќе го постигнат тоа што го чекаат од 2020 година, кога Леброн Џејмс последен пат ги одведе до ринг.

Според НБА инсајдерот на ЕСПН, Марк Спајрс, Дончиќ ќе дебитира многу наскоро. Лејкерси се домаќини на Јута следниот понеделник, а два дена подоцна гостуваат кај Џез во Солт Лејк Сити. Дончиќ би требало да игра за Лејкерси првпат на еден од тие два натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот