Дебитантот во АБА лигата не се шегува: Се засили со кошаркар кој има сериозно НБА искуство

Фото: EPA-EFE/MAST IRHAM

Летонецот Дејвис Бертанс е нов член на тимот на Дубаи кој ќе се натпреварува во АБА лигата.

Се најавуваше во претходните денови дека дебитантот во ова натпреварување ќе добие сериозно засилување и на крајот тоа е потврдено.

Зад себе Бертанс има евролигашко и НБА искуство, но настапуваше и во АБА лигата додека беше член на Партизан и Олимпија.

Летово се поврзуваше со враќање во редовите на Партизан, меѓутоа на крајот ја прифати подобрата финансиска понуда од Дубаи.

Дубаи сериозно се засили летово и ги доведе: Немања Дангубиќ, Данило Анѓушиќ, Леон Радошевиќ, Клемен Препелиќ, додека тренер е Јурица Големац.

Бертанс низ кариерата го носеше дресот на: Сан Антонио, Вашингтон, Далас, Оклахома и Шарлот во НБА, а во Европа беше дел од: Рига, Олимпија, Љубљана и Партизан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот