Курасао Фото: EPA/ROBIN VAN LONKHUIJSEN

Дебитант на СП, шампион во продажба – Курасао ги распродаде сите дресови

Курасао, како и Узбекистан, Јордан и Зеленортските Острови, ќе влезат во историјата на Светските првенства откако ќе дебитираат за неколку дена на Мундијалот во САД, Канада и Мексико.

Карипската држава Курасао, позната по песочните плажи и коралните гребени е таа што веќе ги привлече насловите со еден од најбараните мундијалски дресови во историјата.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Факти за СП 2026

Гостинскиот дрес на Курасао стана вистински „свет грал“ на фудбалскиот маркет. Навивачите кои бараат официјална „Адидас“ верзија моментално наидуваат на празни полици.

Гана го има најубавиот дрес на Светското првенство

Дресот има светла пастелно-жолта основа, надополнета со впечатливи тробојни линии на рамената во портокалова, розова и тиркизна боја. Дизајнот претставува културна посвета на познатите шарени згради покрај брегот во Вилемстад, дел од светското наследство на УНЕСКО.

Традиционално, Курасао користеше стандардни каталошки дресови на „Адидас“ за време на квалификациите, но откако обезбеди историски пласман на Мундијалот, веднаш го унапредија договорот во „премиум“ нивото.

Поради тоа што одобрувањето на дизајнот дојде многу доцна во производствениот циклус, „Адидас“ произведе многу мал број примероци во споредба со репрезентации како Аргентина или Германија. Очекувањата биле за мал пазар, но побарувачката експлодираше глобално, па дресовите се продаваат ширум светот.

Бразилец ќе го суди првиот натпревар на Светското првенство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот