Дебатата за помилувањата го отвора прашањето за одговорноста на Иванов

Дебатата што се разви по иницијативата за оценка на уставноста на членот 11-а од Законот за помилување, покрај меѓупартиските препукувања и толкувањата на правните експерти, во јавноста го отвори и прашањето за одговорноста на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за дадените помилувања во 2016 година на педесеттина лица, кои беа опфатени со обвиненија и истраги во предметите што ги почна СЈО.

Министерката за правда Рената Дескоска која побара аветентично толкување на членот 11 од Законот за помилување за да се спречи евентуалната одлука на Уставниот суд со што би се отворила можност да се вратат во сила помилувањата од Иванов, смета дека поранешниот претседател постапил незаконски.

Тоа, спроред неа, е потврдено и со одлуката на Законодавно – правната комисија дека нема потреба од автентично толкување за член што не постои, односно на членот 11 од Законот за помилување донесен во 1993 година.

„Законодавно-правната комисија го потврди тоа што го тврдевме и во моментот кога ја поднесовме интерпелацијата за Иванов: членот 11 на кој тој ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем. Сега е тоа официјален собраниски документ, кој потврди дека помилувањата на Иванов се незаконски и со тоа ништовни! А незаконски акти не можат да имаат правно дејство. Дополнително собранискиот документ покажува дека Иванов постапил незаконски со “обидот да помилува”. Барањето за автентично толкување ја постигна целта!”, напиша Десксока на својот фејсбук профил.

Прочитајте и...  Нухиу: Имплементацијата на двојазичноста на униформите се спроведува во рамките на законските рокови

Помилувањата од Иванов се кривично дело кое не застарува и треба да се побра одгворност, смета универзитетката професорка Беса Арифи.

– Со одлуката на Законодавно-правната комисија веќе се утврдува дека кога Ѓорге Иванов ги носел одлуките за помилување, немал правен основ да го прави тоа, а кога некој на јавна функција носи одлуки без да има правен основ, тоа е кривично дело на злоупотреба на положбата и тоа е кривично дело кое не застарува и нема никакви пречки сега да се побара одговорност од Иванов – порача Арифи на трибината „Правда наместо амнестија”.

Во меѓувреме, Уставниот суд го одложи одлучувањето по Нацрт-решението за Законот за дополнување на Законот за помилување, за кој минатата недела поведе постапка. Уставните судија решија да ја почекаат одлуката за Собранието во врска со побараното автентично толкување на членот 11.

Прочитајте и...  Спасовски за акцијата во Крушопек: Важни се кредибилитетот и крајните резултати, а сензационализмот не е основа за водење истраги

Министерството за правда, пак, излезе со став дека дури и Уставниот суд го укине или поништи членот 11 а, тоа нема да има влијание на помилувањата, затоа што Собранието потврдило дека тие се невалидни, односно дадени на непостоечки член, и се ништовни од моментот на давање.

Министерката Дескоска и претседателската на ЗПК Соња Мираковска велат дека по заклучокот дека членот 11 на кој Иванов ги темелеше помилувањата не постои во правниот систем, Уставниот суд треба да ја запре постапката и да ја отфрли иницијативата.

И премиерот Зоран Заев изјави дека Уставниот суд треба да постапува согласно одлуката на собраниската Законодавно-правна комисија за членот 11 од Законот за помилување.

– Тоа само уште еднаш потврдува дека самата аболиција не била дадена законски. Секако после тоа не била и законски поништена. Непостоењето на членот 11 и членот 11а од 2009 година е јасен став на нависниот законодавен дом, а тоа е Парламентот, дека право за аболиција и за поништување и носење не постои, рече Заев.

Прочитајте и...  Самитот за буџетот на ЕУ продолжува денеска

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, пак, смета дека Министерството за правда и Собранието не можат да ја преземат улогата на Уставниот суд. Ја обвинуваат власта дека ја замајувала јавноста со измислена тема и оти по еднонеделно повторување дека мора да има автентично толкување, на крајот ЗПК заклучила дека нема потреба од тоа.

– Немањето автентично толкување е доказ за апсурдноста на барањето на СДСМ такво толкување да се донесе. Но, какво и да било автентичното толкување и да го имало и во случајов бидејќи го нема Собранието не е Уставен суд и не може да ги преземе ингеренциите на кој било суд во државата, најмалку на Уставниот, изјави пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој предлага Уставниот суд за Законот за помилување да побара мислење од Венецијанската комисија.

Сепак, според собраниската процедура, конечниот збор за побараното автентично толкување на членот 11, го имаат пратенциите кои на пленарна седница ќе треба да се изјаснат за заклучокот на Законодавно правната комисија.

Прочитај повеќе

Обвинети седум лица за „камионот на смртта“ во кој загинаа 39 виетнамски мигранти

Слободен печат

Додик: Ситуацијата во БиХ е најтешка од времето на Дејтонскиот мировен договор

Слободен печат

Петровска: Со печат за продолжување на важноста може да се реши проблемот со пасошите

Слободен печат

Вредноста на американскиот долар нагло порасна поради коронавирусот

Слободен печат

Петровска: Чулев избрзува, создава уште поголем хаос во јавноста

Слободен печат

Шпанија ќе ги ограничи рекламните огласи за обложување преку Интернет

Слободен печат

1 comment

m-r.Slobodan Dimitrovski 06/12/2019 - 07:58 at 07:58

Него што! ајде да видиме кој е сега со име и презиме Ѓ.И. обичен граѓанин а за тоа што си правел бајрам на умот и сакаше да ги заштити Али баба и неговите разбојници мора мора мора мора да одговара е тогаш и тој што одговарал за кебапите ќе биде еднаков Беше многу пати предупредуван многу пати за постапката ама од позиција на сила и моќ правеше се, а не мислеша дека времето лета утре некој треба да полага рачун за десет годишното владеење како претседник.ќе ја пеат песната од Цацко Шо мислеше шо мислеше!

Reply

Остави Коментар

7 + седумнаесет =

Прочитај повеќе

Страшен верски култ се развива паралелно со коронаворусот во Јужна Кореја

Слободен печат

Гутереш бара крај на кошмарот во Идлиб, реагираат и други државници

Слободен печат

УНХЦР: Грција да реагира на шокантните и недостојни услови во кои живеат мигрантите

Слободен печат

Aктивисти на „Fridays For Future“ од Скопје беа задржани од полицијата во Министерството за животна средина (ФОТО)

В. Т.

Километарски турски воен конвој пристигнува во Сирија (ВИДЕО)

Слободен печат

Пендаровски: Партизацијата во институциите е на недозволено високо ниво

Слободен печат