Дебата за Преспанскиот договор и научените лекции во МНР

Панел дебата насловена „Договорот од Преспа – научените лекции за време на дипломатските преговори и меѓународната перспектива” ќе биде одржана денеска во Министерството за надворешни работи.

Дебатата се одржува во рамки на Регионалната школа за дипломатија 2019 „Градење мостови преку решавање на конфликти во балканските држави”, што од 6 до 9 октомври ја организираат МНР и Фондацијата „Фридрих Еберт” – Скопје со поддршка од Федералната Канцеларија за надворешни работи во Германија.

На дебатата ќе се обратат шефот на дипломатијата Никола Димитров, евроамбасадорот Самуел Жбогар и професорката Марилена Копа од Универзитетот во Атина и поранешен член на Европскиот Парламент.

Учесници на Регионалната школа за дипломатија се претставници на земјите од регионот, односно од земјите што го сочинуваат т.н. Берлински процес, како и претставници од невладиниот сектор. Регионалната школа за дипломатија 2019 претставува можност да се разговара за прашања што се битни за регионалната соработка, посебно младинската компонента на таа соработка. Тие прашања претставуваат позитивен предизвик за натамошното градење на мостови со цел надминување на предизвиците помеѓу земјите од регионот, зајакнување на улогата на граѓанското општество и на интензивирање на комуникацијата со државните институции. Во повеќе тематски панел-дискусии, ќе дискутираат бројни европски и национални експерти, како и креатори на политики, истражувачи и претставници од невладини организации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот