Дебата за јазот во платите на мажите и жените

По повод Денот на еднаква плата за мажите и жените, Центарот за истражување и креирање политики организира дебата на тема „18% помалку вредни: јазот во платите на мажите и жените”.

На дебатата ќе се дискутира за јазот во платите меѓу мажите и жените кој во земјава изнесува 18 отсто, за алатките за евалуација на вредноста на трудот и воопшто за родовата дискриминација на работното место.

На дебатата ќе говорат Емил Крстановски, национален координатор во Канцеларијата на Меѓународната организација на трудот во Скопје, Никица Мојсоска-Блажевски, извршен директор на Македонија 2025, Маре Анчева, генерален секретар на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство и Дона Димов Марковска, проектен менаџер во Организацијата на работодавачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот