Дебата за ефектите од реформата на персонален данок на доход

Дебата за ефектите од реформата на персоналниот данок на доход, ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Асоцијацијата „Зенит”, со учество на претставници од  Управата за јавни приходи, Министерството за труд и социјална политика, Народниот правобранител, експерти за даночна политика, како и претставници на граѓанското општество.

На настанот ќе се претстават резултати на спроведена анкета со граѓани, ќе се направи осврт на степенот на остварување на зацртаните цели на реформата, предизвиците што ги наметна за дел од граѓаните и деловните субјекти и ќе се посочат аспекти на даночниот модел за кои би требало да се размисли за промена, во насока на подобрување на праведноста на оданочувањето.

Дебатата е дел од проектот „Кон поправедна и поодржлива даночна политика” е поддржан од Европската унија преку регионалната иницијатива „Граѓанските организации  како еднакви партнери во мониторирање на јавните финансии”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот