Дебата за државната матура во организација на собранискиот Клуб за младински прашања и политики

На иницијатива на собранискиот Клуб за младински прашања и политики, во Парламентот денеска ќе биде организирана јавна дебата за концептот и начинот на полагање на државната матура.

На дебатата ќе присуствуваат и претставници на Сојузот на средношколци кои бараат измени на актуелниот концепт односно да полагаат два наместо четири предмети на државната матура, како и скратени програми по сите предмети.

Во понеделникот тие го прекинаа привремено бојкотот во очекување одлука во Собранието каде што е доставен Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за средно образование, а во вторникот на нивно барање имаа средба со премиерот Зоран Заев.

Владината прес-служба по средбата соопшти дека премиерот Заев изразил поддршка за средношколците и истакнал дека Владата е „отворена низ дијалог да разговара за изнаоѓање заедничко компромисно решение, кое е во полза на матурантите, со цел нивно квалитетно образование и во средното и понатаму во високото образование”

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот