Дебата во Вашингтон: ЕУ треба да и даде датум за преговори на Северна Македонија во јуни

Која е улогата на ЕУ во трансфомација на регионот на Западен Балкан во годините што претстојат и како регионот ќе одговори на безбедносните предизици. Едно е сигурно, ЕУ не треба да ја остави Северна Македонија да чека и во јуни да не добие датум за почеток на преговори за членство, беше укажано на панел-дискусијата за Западен Балкан што ја организира вечерва Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон.

-Балканот се соочуваше со три проблеми, но во моментов останаа два откако беше успешно решено прашањето за името на Македонија. Остана само да се нормализираат односите помеѓу Косово и Србија и решение за нефункционалната власт во Босна и Херцеговина, изјави Даниел Сервер од школата за напредни студии и управување со кризи во универзитетот.

-Ова е вистинскиот момент да се реши прашањето за Косово и Србија. И кога тоа ќе биде решено, проблемот во БиХ ќе изгледа многу поинаку од таа перспектива и полесен за решавање, рече Сервер.

Додаде дека тој се залага за прагматична дипломатија.

-Помислете што ако не беше решен проблемот со името на Македонија, колку потешко би било решевањето на спорот помеѓу Косово и Србија, рече Сервер.

На прашањето од присутните, што ќе се случи ако Северна Македонија не добие датум за преговори во јуни, директорот на Центарот за југоисточни европски студии од Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, одговори дека тоа повторно може да им даде сила на националистичките и изолациските сили во земјата.

-Истовремено тоа ќе биде и негативен сигнал и отворање на дилемата дали вреди да се биде прозападно ориентиран реформатор, кој прави болни компромиси, кога државата која направила најтешки одлуки не е наградена. Тоа ќе биде ‘студен туш’ врз реформаторите во регионот, изјави Бибер.

За Преспаскиот договор укажа дека е успешен бидејќи извирал од локалните потреби.

-Беше донесен преку волјата на двете влади. Секако, немаше да се постигне договор помеѓу двете земји ако не постоеше НАТО и ЕУ опцијата за Северна Македонија, укажа Бибер.

Според него, проблем за Балканот се авторотарните влади кои ги занемаруваат либералните демократски вредности на ЕУ и САД, а тоа е поддржано од главните национални медиуми како во Србија кои се лојални на претседателот.

-Автократското однесување е ограничено. Тоа создава разочараност и обесхрабреност помеѓу граѓаните, не поради тоа што тие се против ЕУ туку поради восприемањето на Западот како општество што ја толерира автократијата. Ова се земји кои реба да бидат дел од истиот клуб. Да се каже дека доволно е што нема војна, не е доро за иднината на регионот, истакна Бибер.

Коментираше и за вчерашниата средба во Берлин, нагласувајќи дека Европската комисија го изгуби кредибилитетот и авторитетот во однос на дијалогот помеѓу Србија и Косово. Додаде и дека нема подготвен план за решение, но посочи дека мора да има градење доверба меѓу двете земји за нивните односи да се нормализираат.

Сите панелисти заклучија дека покрај решавање на меѓусебните проблеми, потребен е општ напредок во регионот и зацврстување на демократијата и владеењето на правото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот