Дебата во организација на невладината ЦИВИЛ: „Пописот е статистика, а не политика”

Невладината ЦИВИЛ денеска во Штип ќе организира панел дискусија „Попис: Статистика, не политика”.

– Во фокусот на панел дискусијата е потребата да се одвои политиката од статистиката, бидејќи пописот тоа и е – статистичка операција, а не полигон за етно-политички пресметки. За јавноста е важно да се слушнат ставовите и на штипските учеснички и учесници во панел дискусијата на кои, меѓу другото, ќе им дадеме простор да споделат и некои основни информации за текот на подготовките на пописот, како и неговото значење за развојот на општините, економијата, стопанството и градењето политики и практики на локално и национално ниво, посочуваат од ЦИВИЛ.

Во согласност со мерките за заштита од ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од дебатата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот