Дебата во Франција: Дали невакцинираните заслужуваат бесплатно лекување

Фото: mia.mk

Шефот на болничкиот систем во Париз предизвика жестока дебата за тоа дали луѓето кои одбиваат да се вакцинираат против Ковид-19 треба да продолжат да добиваат бесплатно болничко лекување, јавија француските медиуми.

Францускиот здравствен систем го покрива лекувањето на сите пациенти примени на одделенијата за интензивна нега, при што трошоците за еден ден престој во такво одделение се проценуваат на 3.000 евра, а третманот обично трае од една недела до десет дена.

„Со оглед на достапноста на бесплатни и ефективни лекови, дали е правилно луѓето да ги одбиваат без последици додека ние се бориме да се грижиме за другите пациенти?”, запраша Мартин Ирш директор на парискиот здравствен систем. Тој рече дека го покренал ова прашање бидејќи трошоците за здравствена заштита биле огромни и неодговорното однесување на некои, како што рече, не треба да го загрози пристапот на сите други до системот на здравствена заштита.

Неговите изјави предизвикаа бран реакции и повици за негова оставка на социјалните мрежи. Екстремно десничарските политичари побараа смена на Ирш, а градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која претседава со одборот и е кандидат на социјалистите за претседателските избори во април, рече дека не се согласува со предлогот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот