14 C
Скопје

Дебата на тема „Предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки”

Амбасадорот Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија ќе ја отвори денешната онлајн дебатата „Предизвиците за родовата еднаквост во процесот на носење одлуки”, чија цел е да се зајакне вклученоста на жените во политичкото одлучување.

Организаторите на дебатата, Делегацијата на ЕУ во земјава, најавуваат дека на конференцијата ќе учествуваат и министерката за образование и наука Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска, министерката за култура Ирена Стефоска и министерот за локална самоуправа Горан Милевски, но засега нема потврда од нивните ресорни министерства.

– Учеството на женски и машки претставници од владините тела вклучени во процесот на одлучување е од огромно значење за дискутирање на конкретни акции што може да бидат преземени за подобрување на родовата еднаквост во носењето одлуки и во практиката преку родово респонзивно буџетирање, истакнаа организаторите.

Прочитајте и...  Пендаровски – Петреску: Со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството

Дебатата се организира во рамките на проектот финансиран од ЕУ „Низ женски леќи: поткревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост” и претставува завршен настан за кампањата што проектот ја спроведе во периодот од 8 март до 8 април 2021 година (Месец на родова еднаквост во носењето одлуки).

Проектот воспостави структурна мрежа и соработка со локалните власти во 17 општини (Чаир, Шуто Оризари, Илинден, Брвеница, Теарце, Кавадарци, Неготино, Делчево, Македонска Каменица, Гевгелија, Радовиш, Крушево, Кривогаштани, Струга, Вевчани, Старо Нагоричане и Липково) со цел да се изготват политики и буџети што ќе одговараат на потребите на жените и на мажите, особено во време на криза.

Прочитајте и...  ЕМА: Можна поврзаност помеѓу вакцината на „Џонсон и Џонсон“ и згрутчување на крвта

Проектот се спроведува од страна на Центарот за истражување и креирање политики и Новинари за човекови права, Рурална коалиција и Асоцијација на млади и Ромки – Лулуди и ЕХО – Штип, како партнерски организации.

Поврзани вести

Исчезната е 70-годишна жена од Скопје, семејството бара помош

Слободен печат

ЕМА: Случаите на тромбоза по вакцинација ќе се следат повнимателно

Слободен печат

Украина тврди дека Русија наскоро ќе има повеќе од 120.000 војници на границата

Слободен печат

Аквадуктот во Скопје доби највисок степен на заштита на културно наследство

Слободен печат

Царовска: Родителот кој смета дека неговото дете нема да може да учи електронски ќе може да си го испечати учебникот

Слободен печат

Спасовски: Со координирана акција и активна меѓународна соработка до справување со глобалните безбедносни ризици

Слободен печат

Остави Коментар