Дебата: Институциите да најдат решение за работа на културните манифестации

Илиески потенцира дека протоколите биле спроведени, се функционирало како што треба, публика сто проценти носела маски, а бидејќи присуствувале и уметници од странство, сите морале да покажат ПЦР тестови. Тој се надева оти во иднина бројката на публиката ќе се зголеми.

Културни настани имаше летово, но немаше економска исплатливост. Манифестациите се одржуваа со посебни протоколи и со помалку гости, а организаторите на настаните работеа со загуби. Токму затоа, неопходна е поддршка од Владата за компаниите кои организираат јавни собирања, настани, концерти, семинари, не бидат затворени.

Ова беше генералниот заклучок од денешната дебата која ја организираше Асоцијација на ивент индрустрија ИВЕТ во Скопје. Претседателката на ИВЕТ, Маја Бабиќ посочи дека годинава имало настани, но не и економска исплатливост.

– Не зборувам за профит, тоа се помиривме дека нема да го имаме, туку за покривање на трошоците и доведување на буџетот на нула. Оние фестивали од настани кои претходно беа избуџетирани од конкурси на Министерството за култура и Град Скопје можеби и можеа да се одржат, но има и огромен број на компании кои не се поврзани со овие конкурси и немаат таков извор на финансирање, посочи Бабиќ.

Директорот на Филхармонија, Виктор Илиески информира дека на 1 јуни од нив како институција им било побарано од Министерството за култура да достават предлог протоколи, а Министерството потоа да ги проследи до Комисијата за заразни болести.

Прочитајте и...  Словенците изгласаа забрана за работа во недела и за празници

– Но, знаеме дека беше изборен период и тие протоколи не стигнаа до Комисијата. Први на некој начин мразот го пробија фестивалот Охридско лето со организација на настани на отворено, и единствен настан на затворено беше реализиран во црква „Св. Софија” со конкретни протоколи. Бидејќи ние имавме како што знаете филхармониите две до три години однапред ги конципираат програмите, годинава за среќа конечно после две децении хармонијата обезбеди шеф диригент кој што ќе управува две години со оркестарот и како водител на цела ситуација и со програма и со човечки ресурси односно уметници – рече Илиески.

Тој додаде дека и Комисијката и министерот биле заинтересирани конечно да се отворат вратите на салата, конечно да се реализираат концерти и настани, но со една претпазливост, односно да започнат со 30 процентна бројка или капацитет врз основа на целиот капацитет на салата.

– Ги прифативме овие протоколи, да има публика до 30 проценти, но со тенденција да се покачува процентот. Почнавме на 3 септември, буквално беа строго контролирани сите влезови, концертна сала каде беа строго продадени и целиот протокол направен врз основа на таа дистанца која е неопходна за публиката, со строги протоколи во однос на сцената каде што знаеме дека и мора да има задолжителна дистанца меѓу музичари – додаде тој.

Прочитајте и...  МИА бележи 22 години од емитувањето на првата вест

Илиески потенцира дека протоколите биле спроведени, се функционирало како што треба, публика сто проценти носела маски, а бидејќи присуствувале и уметници од странство, сите морале да покажат ПЦР тестови. Тој се надева оти во иднина бројката на публиката ќе се зголеми.

Тој додаде дека загубите се огромни, а работат со сопствениот буџет.

– Огромни се загубите, еве јас како институција ја преземав одговорноста пред три години да не се водиме како институција која е буквално на буџет, но 90 процентно одржување на објектот беше на сопствениот буџет, буџет на институцијата. Од март месец голем број на настани беа затворени, не беше дозволено да се реализираат и сметам дека и те како е битно за институциите да работат и на некој начин да ствараат и програма и да ги оправдаат платите – додаде тој.

Прочитајте и...  СБ на ОН загрижен поради Нагорно Карабах, побара итен прекин на огнот

Никола Наумоски, шеф на кабинетот на градоначалникот на Град Скопје на дебатата посочи дека треба да се најде начин како со многу малку публика, а повеќе посредници во смисла на технологија, институциите да пристапат до повеќе граѓани, и да го одржат настанот како комуникација меѓу уметникот и корисникот.

– Самата локална самоуправа е многу подобар менаџер на култура од државата и е повреден. Филхармонија и Охридско лето работеле сега во септември, август и јули, но да не заборавиме дека градските институции скоро и да не затворија. Универзална, КИЦ и МКЦ работеа со настани уште во април во маалата, значи не во своите згради и во парквоите, туку во маалата низ Скопје. Организираа околу 50 настани во осум различни општини секој втор ден, правејќи проект Култура во време на корона – рече Наумоски.

Според него, прашање е на наоѓање начин како институциите да ги искористат своите ресурси кои ги имаат во корист на оние за кои работат, односно граѓаните и посетители на овие институции.

Прочитај повеќе

Учебната година почнува со маки, средношколците со бојкот – Платформата ќе задоцни на првиот школски час

Слободен печат

ЕУ: Договорот за основање на Заедница на општини со српско мнозинство да се спроведе врз основа на мислењето на Уставниот суд

Слободен печат

Косово му забрани влез на српскиот министер за образование

Слободен печат

Специјално Обвинителство на Косово: Жена обвинета за тероризам

Слободен печат

Правниот тим на Движењето за одбрана на Косово и Метохија: „Вашингтонскиот договор не е ништо друго освен тајно незаконско одрекување од дел од државната територија“

Илинка Иљоска

ЕК почна со мониторинг на владеење на правото во земјите-членки на ЕУ

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Руденко: Русија, САД и Франција работат на деескалација на ситуацијата во Нагорно-Карабах

Слободен печат

Утре почнува учебната година: Царовска го објави ТВ распоредот на часови од прво до деветто одделение

Слободен печат

Димитров – Јан Хекер во Берлин: Реафирмација на германските напори за заокружување на Преговарачката рамка

Слободен печат

Меркел за тензиите меѓу Турција и Грција во Егејот: Мала е разликата меѓу конфликт и мирно решение

Слободен печат

Средба Заев – Чаба: Нови историски можности во евроинтеграциите и економијата за граѓаните и за државата

Слободен печат

Донација за ЈЗУ Здравствен дом Струмица: Заштитни маски и скафандери во вредност од 5.000 евра

Слободен печат