Дебата: Грција нема да биде пречка за евроинтеграцијата на Македонија

Дали ќе ги започнеме преговорите со ЕУ е многу важно за имплементацијата на Договорот од Преспа. Секоја одлука донесена сега, која нема да биде јасна во однос на отпочнувањето на пристапните преговори за Северна Македонија со ЕУ ќе го торпедира Договорот.

Ова го истакнува Љупчо Петковски од Центарот за европски стратегии „Евротинк”, кој заедно со ЕЛИАМЕП и Фондацијата „Фридрих Еберт” се организатори на јавна дискусија насловена „Нова влада, нов дискурс? Што се смени од Преспанскиот договор?” што се одржа денеска во Скопје.

-Не сум приврзаник на грозни сценарија кога станува збор за политиката, но може да видам дека каква било негативна одлука, неизбежно ќе ја намали посветеноста на нашата влада за имплементација на овој тежок Договор, рече Петковски.

Според него, „страшните” сценарија што новата влада, односно Нова демократија, ги најавуваше во предизборието и ветуваше ревизија на Договорот, сега омекнаа, особено по клучните работи како обвсрката на Грција да не не блокира во евроинтеграциите.

– Во однос на некои странични работи, како што се многуте документи кои беа потпишани од Владата на Ципрас и нашата влада, тие треба да се ратификуваат. Таа ратификација оди многу потешко отколку што се очекуваше. Меѓутоа мислам дека работите се ставени на шини и дека процесот ќе продолжи. Она што е побитно е дека ваквиот тип договори не се ратификуваат само од страна на владите, многу е побитно како тие се имплементираат, како ќе се подобрат односите меѓу општествата. Јас мислам дека ќе бидат потребни декади мразот на недоверба создаван низ декадите наназад да се стопи – рече Петковски.

Прочитајте и...  Вучиќ: Ноќеска бевме сведоци на најбруталното политичко насилство во последниве години

Новинарот Ангелос Атанасопулос од угледниот грчки весник „То Вима”, коментирајќи ја изјавата на Киријакос Мицотакис на првата средба со колегата Зоран Заев од стапувањето на премиерската функција на маргините на ГС на ОН, дека тој не би го потпишал Договорот, но сега мора да го имплементира, вели дека таа на многу прецизен начин го опишува пристапот на новата грчка влада кон Договорот, дека не може да се повлечат од него и дека Атина нема да претставува пречка за евроинтеграцииите на Северна Македонија.

– Јасно е дека Грција се обврза барем пред Германија и други ЕУ – земји… особено дека нема да бара дополнителни услови за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Ова е добар почеток, но сметам дека најважно е што ќе се случува на билатерално ниво. По три месеци од доаѓањето на власт грчката Влада се уште ја дефинира листата на приоритети, на која не е надворешната политика, туку економијата и инвестициите. Во однос на Преспанскиот договор и билатераланите односи со Северна Македонија, сметам дека тие ќе се однесуваат многу внимателно и треба да направат чекор назад за да видат како ќе продолжат со имплементацијата на Договорот – вели Атанасопулос.

Прочитајте и...  Мета на средба со министерката Манастирлиу поради влошената состојба со Ковид-19 во Албанија

Според него, критични се две прашања – Комитетот за учебници и Комитетот за трговските марки, чија работи е многу чувствителна и се следи со внимание и во двете земји, особено за трговските марки за кои има посебен интерес во Северна Грција, а ставот на грчката влада ќе се види од евентуалните промени во составот на членовите на комитетите. Нагласува и дека во сите последни грчки анкети негативен е односот кон Преспанскиот договор, што вели, можеби е последица на кампањата за предвремените избори, а медиумите можат да придонесат многу повеќе од она што досега е направено во анализата на Договорот.

За Ева Елерајт од Канцеларијата на Фондацијата „Фридрих Еберт” во Скопје, Преспанскиот договор е од историско значење, но се уште е доста кревок и треба да се оживотвори. Затоа, нагласува, многу важно е да се среќаат луѓето од двете страни на границата, новинарите, но не за да разговараат само за успесите на Договорот туку и за проблемите и предизвиците што произлегуваат од него.

Прочитајте и...  Одложена културно-сценска манифестација „Галичка свадба“

– Новинарите од  Македонија и од Грција треба меѓусебе да ги проверуваат фактите, да ги споредуваат сознанијата што постојат од двете страни на границата околу тековните настани – вели Елерајт.

Дебатата е дел од иницијативата која се спроведува повеќе од година и пол во делот на запознавање и на хармонизација на односите меѓу новинари од Северна Македонија и Грција во насока на надминување на недовербата. Одржувањето на дебатата е помогнато и од Амбасадата на Канада во Белград преку Канадскиот фонд за локални иницијативи.

Прочитај повеќе

Шпанија ќе затвора плажи за да го спречи ширењето на коронавирусот

Слободен печат

Мицкоски од Гевгелија: Дојде време да ги поразиме СДСМ

МИА Агенција

30% пониска закупнина на угостителските објекти за време на КОВИД-19!

Слободен печат

Вучиќ: Ноќеска бевме сведоци на најбруталното политичко насилство во последниве години

Слободен печат

Меркел: Отворање на првите поглавја со Македонија и Албанија оваа година

МИА Агенција

Нови 163 случаи со Ковид-19, осум починати, 230 оздравени пациенти

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Нови кредитни линии од ЕБОР и ЕУ за Западен Балкан

Слободен печат

Во Мостар за првпат по 12 години ќе се одржат избори

Слободен печат

Филипче: Се намалува бројот на хоспитализирани со Ковид-19

ЦЕПИ и дидели 66 милиони евра на кинеска фармацевтска компанија за развој на вакцина за Ковид-19

Слободен печат

Македонија со најдобра бизнис клима во регионот

Слободен печат

ДИК ги повикува учесниците на изборите да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето на граѓаните

Слободен печат