Дебарските јагниња на италијанската велигденска трпеза

фото: МИА

Дебарските јагниња и годинава ќе завршат на италијанската велигденска трпеза.

-Сточарите од општините Дебар и Центар Жупа располагаат со околу 20 илјади јагниња. До сега се откупени над 18.000 од „Полог” – Гостивар и „Стокопромет” –  Скопје. Продолжува традицијата тие главно да бидат извезувани за Италија. Останатиот процент јагниња, сточарите ќе ги чуваат за продажба на локалните жители за Велигден, Први мај и Ѓуровден, вели претседателот на здружението на сточари „Даши”, Скендер Аме.

Тој, сепак, го нагласува незадовоството на сточарите од откупната цена која изнесувала 135 денари за килограм жива мера. За разлика од  пред неколку години кога цената беше 180 денари, додава, последните пет години бележи континуирано намалување.

-Во немањето друг излез сточарите ја прифаќаат цената иако се свесни дека не е обејктивна. Сепак, голема подршка за нас се секако субвенциите што ни ги дава државата, нагласува Аме.

Сточарите од двете општини од овој регион располагаат со повеќе од 35.000 грла ситен добиток. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот