Дебарскиот крај во снежна пролетна идила, но и со низа проблеми во патниот сообраќај

снег на планините, временска прогноза, метео
Снег на планините / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

 Обилните снежни врнежи, во дебарскиот поширок регион, донесоа вистинска пролетна снежна идила, но предизвикаа и проблеми, пред се во одвивањето на патниот сообраќај а во неколку села во општина Маврово и Ростуше и прекин во снабдувањето со електричната енергија.

– Без електрична енергија неколку часа беа повеќе населени места, меѓу кои Ростуше, кое е седиште на општината, потоа Велебрдо, Требиште, Битуше, Лазарополе, како и неколку села од областа на Мала Река, но проблемот веќе е надминат. Што се однесува до проодноста на патните правци до населените места, до оние каде има постојани жители тие се исчистени а се продолжува и кон другите населени места, изјави за МИА, градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски.

Дебелината на снежната покривка во оваа и општините Дебар и Центар Жупа достигинува над 30 сантиметри во наслените еста кои се на понска надморска височна, па до 40 и повеќе сантиметри на повисоките места.

– Од синоќа од 22:00 кога почнува полицискиот час, поради забраната за движење почнавме со расчистување на улиците во градот што продолжува и денеска. Вклучени се и вработените од Јавното комунално претпријатие „Стандард”, кои ги чистат тротоарите, како и дебарските пожарникари, кои беа ангажрани во остранување на паднати дрвја, информираа од општина Дебар.

Од тежината на влажниот снег синоќа имало паднати дрвја и на патниот правец Дебар-Струга, кои ги отстраниле од дебарските пожарникари.

Синоќа, пак, околу 21:00 во близина на Бигорскиот манастир паднаа три лавини со над 1.500 кубни метри снег, дрвја и камен, кои со ангажирање на машини на општина Маврово и Ростуше, Бигорскиот манастир, дебарската секција на ЈП „ Македонија пат” и компанијата „Кнауф Радика” лавините беа пробиени и ковозот исчистен нешто пред 24:00 часот.

Сепак снегот поволно ќе се одрази на развојот на есенските посеви, но не и врз веќе расцутените овошни дрвја. Топењето на снегот, посебно во планините, каде го има во големи количини, ќе услови зголемување на дотеците во реките а со тоа и зголемување на водата во акумулацијата „Шпилје” (Дебарско Езеро).

Снег, со различен интензитет врне во текот на денов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот