Дебар и Центар Жупа утре ќе останат седум часа без вода

Без вода/ Фото: Архива на „Слободен печат“

Општините Дебар и Центар Жупа, кои со вода за пиење се снабдуваат од водоводот Росоки-Дебар, утре, (30 септември) во периодот од 10:00 до 17:00 часот ќе имаат прекин во водоснабдувањето.

-Прекинот е поради техничка интервенција на каптажата во Росоки, што ќе ја врши екипа стручни лица од Скопје, заедно со вработените на нашето претпријатието, изјави за МИА Мазлум Леши, директор на Јавното комунално претпријатие „Стандрад”, кое стопанисува со водоводот.

Ова е последователен зафат, по оној на почетокот на јули со цел зголемување на количината на вода која пристигнува до главниот градски резервоар.

-Тогаш беше извршена замена на главните вентили во каптажата,како и на две места од цевководот, кај селото Косоврасти и на Мелнички Мост. Ова беше прва интервенција во галеријата на каптажата по 32 години од изградбата на водоводот, нагласи Леши.

Водоводот Росоки-Дебар е изграден 1988 година со зафаќање на вода од изворите кај селото Росоки, Мала Река, во должина од 32 километри. Од него со вода за пиење се снабдува Дебар, Центар Жупа, преку кракот кој се одделува кај Мелнички Мост, како и селата Долно Косоврасти и Рајчица, низ кои минува водоводот.

Инаку, во Дебар и понатаму трае рестрикцијата во водоснабдувањето, воведена во јуни и тоа во перидот од 13:00 до 17:00 и од 2:00 до 6:00 часот, поради, како што велат од „Стандард”, нејзината злоупотреба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот