Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река утре четири часа без струја

струја

Во периодот од 10:00 до 14:00 часот утре без електрична енергија ќе бидaт корисниците на целото конзумно дебарско подрачје.

– Поради техничка интервенција во Хидроелектраната „Шпиље” кај Дебар утре, вторник, во периодот од 10:00 до 14:00 часот ќе има прекин во снабдувањето со електрична енергијана на целото дебарско конзумно подрачје, стои во известувањето.

Дебарското конзумно подрачје, ги опфаќа општните Дебар, Центар Жупа и подрачјето на Река, општина Маврово и Ростуше, кое во целина опфаќа над дванаесет илјади потрошувачи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот