Дебакл на кошаркарските надежи, поразени од Израел со 80 поени разлика

Младата репрезентација на Македонија за кошаркари до 14 години доживеа ретко виден срамен пораз од Израел, губејќи со неверојатни 80 поени разлика (34:114) на популарниот „Словенија бол“, кој важи за неофицијално ЕП во конкуренција на помлади кадети.

Младите кошаркарски надежи уште на полувремето губеа со неверојатни 51 поен разлика (65:14), а во третата четвртина дадоа само четири поени.
Подобри од останатите во нашиот состав беа Величковски со 11, Рубин Стефанов со 10 и Тео Војновиќ со шест поени.

Претходно, избраниците на селекторот Дарко Димитриевиќ загубија од Црна Гора со 45:57. Младите кошаркари утре исто така ќе одиграат два натпревари, против Бугарија (14.30 ч.) и Словенија (20.30 .).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот