Дебакл на фаворитките на Ролан Гарос, само една тенисерка од топ 10 остана да се бори за трофејот

Паула Бадоса се повлече од Ролан Гарос поради повреда/ фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Паула Бадоса и Арина Сабаленка се последните фаворитки што испаднаа на Ролан Гарос ѝ и го отворија патот кон титулата на првата носителка Ига Швјонтек.

Бадоса при водство од 3:6,1:2 на Вероника Кудерметова го предаде мечот поради болки во коленото.
Кудерметова во осминафиналето ќе игра против подобрата од дуелот меѓу Елена Рибакина и Медисон Киз.

Без пласман во осминафиналето остана и седмата носителка Арина Сабаленка која загуби од Италијанката Камила Џорџи со 4:6,6:1,6:0. Ова е прв пласман за Џорџи во осминафиналето на Ролан Гарос каде ќе се сретне со Дарија Касаткина која беше подобра од Шелби Роџерс со 6:3,6:2 .

Пласман во осминафиналето обезбеди Џесика Пегула и тоа со победата од 6:1,7:6 и следна противничка ќе и биде Романката Бегу.

Во машка конкуренција, фаворитите немаат проблеми на стартот од Ролан Гарос. Данил Медведев со 6:2,6:4,6:2 го победи Кецмановиќ, Циципас му дозволи на Имер да освои само пет гема (6:2,6:2,6:1), Андреј Рубљов загуби сет против Чилеанецот Гарин (6:4,3:6,6:2,7:6).

Пласман во следната рунда обезбедија и Марин Чилиќ кој кој со 3:0 го победи Жил Симон како и Хуберт Хуркач кој беше подобар од Гофан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот