Дебакл: Кошаркарките изгубија од Белгија со 71 поен разлика

Фото: КФСМ

Македонските кошаркари вечерва доживеаа дебакл и беа поразени од репрезентацијата на Белгија со убедливи 112:41.

Преимпресионирани тргнаа нашите кошаркарки во натпреварот во Ловен. Првите поени на средбата ги постигнавме во седмата минута, преку Стојановска, кој го погоди и дополнителното слободно фрлање.

Во отсуство на капитенот Анџелика Митрашиновиќ, потоа и Едина Муса, и без вистински организатор на играта, имавме проблеми во организацијата на нападите. Расположениот противник знаеше тоа да го искористи максимално. Уште во првата четвртина Белгија направи направи голема разлика (25:3), потоа и (31:3), за Лискенс да погоди за три поени и постави уште повисоки (34:3). Во втората четвртина, одигравме малку подобро во нападот. Ја поправивме реализацијата, но загубивме (пре) голем број на топки (вкупно 16), поради што Белгијките ја зголемија својата и онака висока позитива.

На полувремето водеа со (57:16). Антиќ и Стојановска реализираа по шест поени, Николиќ и Адамовска по два за нашата селекција. Без промени во играта и во резултатот се играше и во продолжението на натпреварот. Домашната селекција не се задоволи со убедливата предност, на истек на третиот период Белгија водеше и со (76:26).

Освен Антиќ и Стојановска, погодија и Хемпе и Кметовска, но во белгиската селекција имаше дури пет кошаркарки со двоцифрен број на поени. Ги предводеше нивниот лидер, Ема Месеман која во три одиграни четвртини комплетираше 15.реализации. На крајот. Антиќ дојде до 15.поени, Стојановска имаше 14, но изостана поенерска поддршка за нив од соиграчите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот