Де Лихт си најде нов клуб, и не е Барселона
Младиот холандски репрезентативец и член на Ајакс, Матијс де Лихт кој веројатно е најбараниот фудбалер во летниот преоден рок, си најде нов клуб и тој не се вика Барселона, туку ПСЖ.
Барселона се споменуваше како фаворит за потпис со Де Лихт, се договори со Ајакс да му исплати 75 милиони евра како обесштетување но на фудбалерот му понуди само пет милиони евра годишна плата. Подоцна ја зголеми сумата на седум милиони евра, но и тоа беше премалку за контроверзниот менаџер Мино Рајола кој в џеб имаше понуда од Манчестер јунајтед со плата од 14 милиони евра.
Шпанскиот тим се надеваше дека желбата на Де Лихт да продолжи да игра заедно со Френки де Јонг ќе биде пресудна, но во преговорите влезе ПСЖ и веднаш успеа да најде заеднички јазик и со Ајакс и со Мино Рајола.
Радиото Монте Карло, кое е сигурен извор за информациите за трансферите во европскиот фудбал, јави дека ПСЖ ќе биде идниот клуб на Матијс де Лихт. Ајакс ќе ги добие бараните 75 милиони евра , додека младиот фудбалер ќе има плата помеѓу 10 и 15 милиони евра.