Де Лихт: Роналдо е како предатор

EPA-EFE/OLAF KRAAK

Ајакс успеа да остане непоразен во првиот четвртфинален дуел во ЛШ играјќи 1:1 со Јувентус. Резултатот го отвори Кристијано Роналдо во 45. минута, а младите фудбалери на Ајакс израмнија на стартот од вториот дел преку Давид Нерес.

– Ја имавме топката во наш посед, имавме неколку добри шанси, но не успеавме да ги реализираме. Но нашиот тим има огромен талент и вака важен натпревар одигравме многу добро. Покажавме дека заслужено сме во четвртфиналето – вели Матијс де Лихт, еден од најдобрите играчи на Ајакс.

Младиот Де Лихт беше импресиониран од првата ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, кој успеа да се опорави од повредата и успеа да го постигне голот за тимот од Торино.
– Кристијано Роналдо е неверојатно квалитетен играч. Тој е вистински предадор во противничкиот шеснаесетник – потенцира Де Лихт.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот