Де Лихт конечно одлучи каде ќе ја продолжи кариерата

Најбараниот дефанзивец во летниот преоден рок, Матијс де Лихт, конечно се одлучи каде ќе ја продолжи кариерата, ќе потпише за италијанскиот шампион, Јувентус. Трансферот на Де Лихт во Јувентус ќе изнесува 70 милиони евра, пишува холандскиот весник „Де Телеграф“.

Капитенот на Ајакс, пред неколку денови ја одби понудата на Барселона поради помалата плата која му ја нудеше во однос на конкурентите, 6 милиони евра, но и бидејќи каталонскиот клуб не сакаше во договорот да вметне клаузула во која му гарантираше на Де Лихт дека поголем дел од натпреварите ќе  ги започне во стартната постава.

Од тој момент, Јувентус одлучи да се активира во трката за потписот со 19-годишниот фудбалер и е подготвен да му ја исполни желната, ќе биде стартер и го очекува годишна плата од 10 до 15 милиони евра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот