Де Лаурентис со Ибра прави „револуција“ во Наполи!

twitter.com/goal

Претседателот на клубот од Неапол, Аурелио Ди Лаурентис, сака во зимскиот период да направи „бум“ со неколку промени, а особено после штрајкот кој го организираа фудбалерите на екипата пред неколку недели.

Првиот човек порача дека ќе ги продаде сите играчи кои го водеа штрајкот, а најверојатно клубот ќе го напушти и тренерот Карло Анчелоти кој повеќе не е во добри односи со претседателот на Наполи.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прва „мета“ на овој тим е Златан Ибрахимовиќ кој е слободен играч после заминувањето од американскиот МЛС состав на Лос Анџелес Галакси.

Иако има 38 години и е на залез на кариерата, за Ибра голем број клубови од Серија А покажаа интерес, но Наполи е најконкретен кој му нуди договор од 18 месеци.

Де Лаурентис со ангажманот на Ибра сака да направи „револуција“ во екипата на Наполи, а таа би можеле да започне во јануари со евентуалната продажба на Дрис Мертенс и Хозе Каљехон.

Се очекува и Алан да биде продаден, а како негова замена се гледа Френк Кесје (Милан) и Лукас Тореира (Арсенал).

Освен Швеѓанецот Ибрахимовиќ би требало да дојдат уште неколку засилувања, но во Наполи нивната имиња вешто ги кријат.

Според италијанските медиуми Анчелоти веќе ги информираше играчите дека ќе го напушти клубот после натпреварот од Лигата на шампионите против белгискиот Генк кој што ќе се игра денеска од 19.00 часот на стадионот „Сан Паоло“. Како негови наследници се шпекулираат Еди Реја и Џенаро Гатузо.

„Наполитанците“ сеуште не го обезбедиле местото во осминафиналето на ЛШ, па со триумф против Генк дефинитивно ќе се најде во наредната фаза, иако таму може да се најде и доколку Салцбург биде поразен или одигра нерешено дома против Ливерпул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот