ДЕ ЛАУРЕНТИС НЕ ПРОСТУВА: Сите парично казнети, меѓу нив и Елмас! (ФОТО)

twitter.com/sscnapoli

Фудбалерите на Наполи одлучија да се вратат во своите домови после ремито со Салцбург (1:1) во Лигата на шампионите, и покрај наредбата што ја даде сопственикот на клубот, Аурелио де Лаурентис.

Истата ја одбиле да бидат фудбалерите во седумдневен карантин не поради лошите резултати сезонава, туку подобро да се „запознаат“ меѓу себе играчите, како што истакнал Де Лаурентис.

Лоренцо Инсиње, еден од најискусните во тимот, најмногу „настрада“ после револтот во Неапол.

Т.н. акција „Карантин“ како што и се најавуваше доби епилог, Де Лаурентис одлучи финансиски да ги фудбалерите, а листата е многу поголема, скоро цел состав, иако се шпекулираше само за неколку имиња.

принтскрин/digisport.ro

Италијанските медиуми пренесуваат дека казната е противзаконска, бидејќи по членот 11 на колективниот договор, никој не може да биде казнет со повеќе од 25% месечна заработка, дури со одземање половина од примањата.

Меѓу казнетите е и македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој доби парична казна 56.250 илјади евра.

Инсиње – 374.400 илјади евра
Кулибали – 225.000
Алан – 187.950
Лозано – 168.750
Мертенс – 168.750
Манолас – 168.750
Каљехон – 131.250
Гулам – 112.500
Милик – 93.975
Љоренте – 93.975
Фабиан Руиз – 79.167
Зиелински – 75.000
Марио Руи – 67.500
Максимовиќ – 67.500
Хисај – 56.250
Елмас – 56.250
Јунес – 52.500
Оспина – 52.500
Мерет – 45.000
Ди Лоренцо – 45.000
Луперто – 45.000
Карнезис – 37.501
Тонели – 29.999
Гаетано – 5.000

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот