Де Лаурентис му постави ултиматум на Гатузо: Победи над Аталанта и Јувентус…

epa08491686 Napoli's president Aurelio De Laurentiis before the Italian Cup final soccer match between SSC Napoli and Juventus FC at the Olimpico stadium in Rome, Italy, 17 June 2020. EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Претседателот на Наполи по поразот од Џенова од 1:2 е гневен на тренерот Џенаро Гатузо.

Во последните неколку недели тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, се наоѓа на удар на јавноста која од него бара одговорност за слабите резултати, но засега Де Лаурентис одбиваше да се откаже од поранешниот италијански репрезентативец. Се до поразот од Џенова и тоа благодарение на Горан Пандев кој ги постигна двата гола за својот тим.

ВИДЕО: „Гранде“ Пандев со два гола го урна Наполи и запиша нов рекорд!

Но, според „Газета дело Спорт“, Аурелио де Лаурентис по поразот од Џенова бил гневен на сите во клубот, а посебно на Гатузо поради слабата игра и наводно му поставил ултиматум.

Де Лаурентис поразот на неговиот тим го следел од домот во Рим, а по натпреварот веднаш му се јавил на Гатузо и му поставил ултиматум – да победи на наредните два натпревари или ќе добие отказ.
Ваквиот ултиматум за Гатузо доаѓа во најлош момент, пред него и екипата се два неверојатно тешки противници, Аталанта и Јувентус. Веќе во среда Наполи и гостува на Аталанта во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Италија, а идниот викенд во Неапол ќе игра против Јувентус кој игра се подобро под палката на Андреа Пирло.

Во случај Гатузо да добие отказ, Де Лаурентис во својот нотес има само три имиња како негови наследници и сите тројца работеле во Наполи. Де Лаурентис веќе разговарал со Рафаел Бенитез кој сè уште не одговорил дали ја прифаќа понудата која веќе е одбиена од страна на Маурицио Сари. Последно име кое е во игра за клупата на Наполи е тоа на Валтер Мацари.

Пандев: Пензија? Ќе видиме по ЕП

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот