Де Лаурентис бара да се одложи дербито меѓу Јуве и Наполи!

Сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис/ фото: EPA-EFE/ETIENNE LAURENT

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис сака да се одложи натпреварот помеѓу Јувентус и Наполи на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој е закажан за 17 март.

Овој меч требаше да се игра на 4 октомври минатата година, но ситуацијата со коронавирусот не му дозволи на Наполи да допатува во Торино.

Тогаш дуелот беше регистриран со службен резултат 3:0 за Јуве, на гостите им беше одземен еден бод, но подоцна таа одлука беше поништена.

Де Лаурентис не е задоволен од одлуката натпреварот да се игра на 17 март, бидејќи Наполи ќе треба да се соочи со уште два тешки ривали во Италија, Милан и Рома, во периодот од 14 до 21 март.

Наполи се бори за четвртото место и пласман во Лигата на шампионите, а три такви тешки натпревари за само седум дена би биле можеби преголем залак за составот на Џенаро Гатузо.

Веќе видено во Серија А, Лацио го „глуми“ Јувентус!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот