Де Јонг: Идолот сега ќе ми биде соиграч – Слободен печат
СпортФудбал

Де Јонг: Идолот сега ќе ми биде соиграч

Холанѓанецот Френки де Јонг истакна дека се радува што премина во Барселона и дека ќе му биде чест да игра со Лионел Меси.

Барселона уште во јануари годинава за сума од 86 милиони евра, успеа од Ајакс да го ангажира еден од најдобрите млади фудбалери во Европа, Френки де Јонг. Де Јонг на денешната официјална презентација во Барселона истака дека е среќен што дојде во каталонскиот клуб но и што ќе игра заедно со својот идол, Лионел Меси.

„Среќен сум што конечно сум тука, Како дете сонував да играм за Барселона и едвај чекам да излезам на „Камп Ноу„. Среќен сум што ќе имам можност да играм со Меси, кој ми е идол. Мојот идол сега ќе биде мој соиграч, чувството е неверојатно. Барселона негува сличен стил на игра како и Ајакс и мислам дека ќе уживам во новиот клуб – изјави Де Јонг.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close