Де Хеа од херој стана проблем на Манчестер јунајтед

EPA-EFE/Andy Rain

Шпанецот до пред две години се сметаше на најдобар голман на светот и беше најзаслужен за резултатите на Јунајтед, но во последно време е непрепознатлив и прашање е дали сè уште има иднина на „Олд трафорд“.

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, има голема доверба и му пружа поддршка на својот голман, нарекувајќи го Де хеа најдобар на светот. Но, реалноста е поинаква и тоа се покажа против Челси во полуфиналето на ФА Купот, Де Хеа прима смешни голови. Сепак поранешниот играч на Јунајтед, Фил Невил и понатаму верува во Шпанецот.
– Се уште не би го отпишувал. Де хеа има квалитет со кој спаѓа во категоријата на најдобри голмани на светот. Проблемот е што ја загуби самодовербата – вели Фил Невил.

Како наследник на Де Хеа на голот на Манчестер јунајтед се споменува младиот Дин Хендесон кој настапува како позајмен играч за Шефилд јунајтед. Хендерсон кој ги помина сите младински категории во Манчестер јунајтед, сезонава дури 13 пати ја зачува мрежата во Премиер лигата и управата одлучи од наредната сезона да го врати на „Олд трафорд“.
За многумина ова значи дека времето на Де Хеа во Манчестер јунајтед сепак помина.
– Доколку голманот направи една или две грешки, потребно е да му дадете поддршка. Но, во случајот на Де Хеа лошите изданија се повторуваат. Сметам дека Јунајтед треба да го повлече Дин Хендерсон само доколку планира да биде прв голман. Во секоја друга опција најдобро за него е да остане во Шефилд јунајтед и да здобива искуство – вели Алан Ширер, најдобриот стрелец во историјата на Премиер лигата кој сега работи како ТВ аналитичар.

Но, доколку не го врати на „Олд трафорд“ и го направи прв голман, Дон Хендерсон може да побара и трансфер. Сериозен интерес за него покажува Челси кој интензивно бара замена за Кепа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот