Де Хеа му поклони бод на Челси (ВИДЕО)

EPA-EFE/NIGEL RODDIS

Екипата на Челси остана непоразена на гостувањето на „Олд трафорд“ играјќи 1:1 и тоа благодарение на Давид Де Хеа.

Голманот на Манчестер јунајтед, во финишот на првото полувреме имаше катастрофална интервенција по шутот на Антонио Ридигер, не успеа да ја смири топката со што му овозможи на Маркос Алонсо да постигне гол и да го израмни резултатот. Претходно, Манчестер во 11. минута преку Хуан Мата поведе со 1:0.

Со освоениот бод од „Олд трафорд“, Челси, се наоѓа во најдобра позиција да го освои четвртото место на табелата кое носи во Лигата на шампионите. По 36. кола, тие се четврти со 68 бодови, Арсенал е петти со 66, додека Манчестер јунајтед се наоѓа на шестото место со 65 освоени бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот